365 Лекции по иритирање 3

tips_iritiranjeова се третите лекции по иритирање кои се надеваме дека ќе им го упропастат овој прекрасен пролетен ден на сите ваши роднини пријатели колеги намерно нема оставено никаков интерпункциски знак и оваа најава почнува со мала буква од едноставна причина да ви предизвикаме блага тензија кликнете на сликата за да ги прочитате лекциите

tips_iritiranje


ова се третите лекции по иритирање кои се надеваме дека ќе им го
упропастат овој прекрасен пролетен ден на сите ваши роднини пријатели
колеги намерно нема оставено никаков интерпункциски знак и оваа најава
почнува со мала буква од едноставна причина да ви предизвикаме блага тензија

 
41. Собирајте железни пари преку целата година, потоа платете ја вечерата во ресторант
 
42. Облекувајте се само во портокалова боја

43. во сите ваши мејлови испратени до било кого не користете точка запирка пишувајте со мали букви ако не верувате колку ова нервира пробајте да го прочитате овој ред неколку пати гарантираме дека малку ќе ве напнеме голем поздрав 365.com.mk

44. Повторете се што некој ќе ви рече но во форма на прашање. Повторете се што некој ќе ви рече во форма на прашање?

45. Напишете "X – Закопано богатство“ на секоја мапа со која ќе дојдете во допир

46. Секогаш оставајте бакшиш но во Германски Марки

47. Во библиотека застанете позади некого и читајте тивко од нивната книга

48. Носете безбол капче на кое пишува „Генијален Ум“

49. Застанаете на некоја улица и вперете фен во сите коли кои ќе поминат. Малку подзастануваат, нели?

50. Повторете го ова на секои неколку минути: "Слушаш ли бе нешто?" "Што?„ „Ништо, го нема повеќе“

51. Прашувајте ги луѓето на кој пол припаѓаат

52. Одете со кола дури и по цигари

53. Ако не се согласувате со нечие мислење, дајте им до знаење со тоа што ќе ги покривате ушите со раце додека зборуваат
   
54. Шетајте се низ ресторантот и прашувајте ги останатите гости дали ќе може да ви го позајмат ножот на кратко

55. Секогаш ставајте МНОГУ колонска вода

56. Пред да си ги облечете чорапите, секогаш загревајте ги со фен

57. На работното место, глумете дека компјутерскиот глушец е токи-воки и зборувајте во него

58. Информирајте ги другите дека постојат само во вашата фантазија

59. Секогаш зборувајте македонски со српски акцент

60. Константно лажете за најочигледни работи како на пример дали надвор врне или не
 
Доста читање, имате работа. Мрш!
 
- Реклама -