Холивуд рециклира добар дел од она што се може, било да се работи за стории, актери или сетови. Што ќе речат критичарите, „холивудскиот филм е инцестуална индустрија“.
Така, потполно исти сетови се користат за снимање на комплетно различни филмови. Затоа често ќе ви се случи некоја сцена многу да ви наликува на друга без да можете да посочите зошто, а всушност се работи за сет кој сте го виделе многу пати претходно.
Во видеово на Screen Rant се набројани дел од таквите филмови, на пример Se7en, Mr. and Mrs. Smith, Gone in Sixty Seconds, Training Day, Catch Me If You Can, (500) Days of Summer и Old School, во кои како и во многу други има снимена сцена во истото ресторанче во Лос Анџелес – Quality Cafe.
Ресторанот е затворен со години, но заработува многу повеќе од филмската индустрија отколку што некогаш би заработувал од храна.