Мигрантите се судрија со полицијата и војската

Поради оградата која се поставува како заштита од нелегално навлегување на мигранти во земјата, мигрантите удрија по полицијата и војската.

migranti-policija

Неофицијално, според извори на Телма, повредени се четворица полицајци поради удари од камења.

Мигрантите бараат дозвола да ја преминат границата за да можат да мигрираат кон земјите од Европската Унија. Поради застојот на македонската граница тие минатата седмица штрајкуваа со глад и си ги шиеја устите во знак на протест.

- Реклама -