BMW2 Gran Coupe во 2019 година

BMW планира да ја збогати дополнително гамата на модели од Серија 2 со претставувањето на GranCoupe верзија во 2019 година.

Интересно за овој модел според информациите е дека тој ќе се заснова на Серија 2 Coupe, која ќе го направи можно и користењето на заден пренос. Така, Баварците ќе имаат два приближно еднакви по големина модели – Серија 1 Sedan и Серија 2 Gran Coupe, но со преден и заден пренос.

Поглед кон плановите на BMW покажува дека стилот на возилото ќе се заснова на сегашната генерација на Серија 2 Coupe, бидејќи чисто ново купе е планирано за 2021 година.

Автоплус

- Реклама -