Сестра и на Северина не дојде на свадбата, еве зошто

Родената сестра на Северина, Зденка Жуниќ и нејзиниот сопруг Здравко Жуниќ не беа дел од интимната венчавка на Северина и Игор, но не присуствуваа ни на свадбата на Северина и Игор во Белград.

697230_img4377_ff

Сестра и на Северина и зетот не присуствуваа на свадбата на деценијата и додека сите зборуваа за бајковитата венчавка, Зденка не го одобрува однесувањето на Северина.

-Од почит кон своите роднини и пријатели, загинатите хрватски војници, почитувајќи го католичкиот морал, не го одобрувам овој естраден циркус“, изјави Зденка за „Слободна Далмација“ и додаде:

-Чудно ни е како венчавката во црква на која не присуствувавме се одржа во толкава тајност, а како овој дел од венчавката стана јавен, објасни Зденка.

Прочитајте и:  Татко си ја заборави својата ќерка-невеста на патот до олтарот (ВИДЕО)

Иако Северина изгледаше среќна на свадбата, според зборовите на нејзината сестра пејачката е несреќна.

зденка
-Не го поддржуваме ова, Србите водеа вооружена војна, не угнетуваа 50 години, а сега водат психолошка војна. Мојата сестра е одгледана во Хрватска во морално, римокатоличко семејство, од татко Хрват и мајка Хрватка, но нејзиниот живот го превзема менаџерската машинерија. Таа има планетарна слава, но сигурно има тажен живот. Се молам за нејзиното здравје и среќа, заклучи сестрата на Северина.

- Реклама -