Популарната кантавторка Калиопи Букле ќе ја претставува Македонија на престижното музичко натпреварување „Песна за Евровизија 2016“.
Пејачката еднаш ја претставуваше Македонија со песната „Црно и бело“ во Азербејџан. После четиригодишна пауза тогаш Калиопи ја однесе Македонија во финалето и обезбеди најдобар пласман.
На Евровизија во Стокхолм, Калиопи ќе ја претставува Македонија со песна на Ромео, кој е автор и на песната „Црно и бело“, но и многу други хитови на Калиопи.
Песната ќе биде претставена во февруари, во специјална шоу програма на МРТВ.