Ердоган: Турските власти не знаеле дека авионот е Руски

Турските власти дознале дека соборениот авион на сириската граница е руски едвај по инцидентот.

Ова го изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на меѓународниот исламски економски форум во Истанбул.

„Фактот дека авионот и припаѓа на Русија, стана познат едвај последователно кога руските власти го изјавија тоа”, посочи  претседателот.

Ердоган додава дека два воени авиони влегле во воздушниот простор на Турција. Едниот го напуштил просторот, а другиот бил соборен.

Прочитајте и:  Руски авион се запали при слетување во Анталија – сите патници евакуирани (ВИДЕО)
- Реклама -