Мршојадците не губеа време по нападите од 11 Септември да се втурнат во колективната тага, искористувајќи ја трагедијата со цел да заработат брзи пари со продажба на комеморативни сувенири како што се стреличките за пикадо со ликот на Бин Ладен итн. Од 2001 година, благодарение на зголеменото купување преку интернет и печатењето по нарачка, секој што има компјутер и неколку стотици долари може да стане трговец со тагата.
Во јануари 2015 година, по нападот на сатиричниот весник „Шарли Ебдо“, слоганот на Јоаким Ронсин „Je suis Charlie“отпечатен е на секој можен предмет. Ронсин изјавил дека бил „шокиран“ од обидот за комерцијализација на неговиот слоган. Францускиот институт за индустриската сопственост тогаш појасни дека во неколку наврати ги отфрлил повиците за патентирање на слоганот „Je suis Charlie“.
Ноќта на 13 Ноември, францускиот илустратор Жан Жилиен го објавил неговиот штотуку завршен цртеж на Ајфеловата кула вметнат во знакот на мирот. Дизајнот, како што тој има изјавено за списанието WIRED, треба да ја пренесе пораката за мирот и солидарноста – никогаш не помислил со него да се офајди. Сепак, тоа не спречило неколку онлајн трговци , како Zazzle, да ја отпечати неговата креација врз маските за ајфон, врз маици и значки. Истото важи и за продавачите на Etsy, каде што можете да нарачате комплет привезок со обетки со истиот дизајн.
„Многу дизајнери чии дела се претставени во Zazzle нудат поддршка на францускиот народ во овој тежок момент. Бидејќи цртежите ги следат нашите упатства, Zazzle ќе продолжи да ја овозможува продажбата на тие производи на нашите сајтови“ изјавуваат од Zazzle.
CNN доби слична реакција кога им се обрати на продавачите на маиците„Je suis Charlie“ во јануари, прашувајќи ги дали тие мислат дека тоа што го прават е малку „нечувствително“. Поголемиот дел од продавачите, според репортажата, изјавиле: „Тоа е важна порака која мора да се испрати на светот. Доколку не сме ние, некој друг сигурно ќе ги продава“.
Извор:ВАЈС