Филмот кој ќе излезе по 100 години

Ако немате конкретни планови за 18-ти ноември 2115 година, можете да посетите една дефинитивно интересна кинопроекција, која ќе се одржи на овој ден.

Тогаш е закажана премиерата на филмот на Џон Малкович и Роберт Родригез, кој ќе биде скриен од публиката во следните 100 години. Ова значи, како што забележуваат авторите, дека никој од нас нема да може да го гледа.

филм1

Лентата со наслов “100 години: Филмот, кој никогаш нема да го видите” е всушност дел од рекламна кампања за коњак “Луј XIII”, исклучително луксузен пијалок, кој зрее во текот на 100 години.

Холивудските личности Малкович и Родригез се најмени да направат филмски проект, што ја рефлексира токму оваа филозофија, но во областа на уметноста: создавање на нешто на кое што никој од вашето време нема да може да му се наслади.

филм2

Роберт Родригез е режисер на филмот, а Џон Малкович е во улога на сценарист и главен актер. Филмот им е заклучен во посебен сеф, кој автоматски ќе се отвори на 18 ноември 2115 година и тогаш однапред избрана публика ќе може веднаш да го погледне.

Билети за настанот веќе се дадени на 1000 “влијателни личности” со покана за нивните наследници.

Прочитајте и:  Македонскиот краткометражен филм „Сценариото“ на Александра Кардалевска ги освои светските филмски фестивали

Продуцентите на филмот даваат некаква идеја за “100 години: Филмот, кој никогаш нема да се види”, преку неколку кадри.

филм3

Кратките клипови претставуваат три варијанти на можна иднина во која филмот конечно ќе биде отклучен: во првото сценарио светот е “освоен” од природата, во второто вонземјаните се приземјиле и го направиле животот уште потехнолошки, а во третото контролата над земјата ја презеле “хуманоидни роботи”.

За што станува збор во самиот филм?

Детали за заплетот недостасуваат и е јасно само дека Малкович проучувал како футуризмот и научната фантастика од пред 100 години го замислиле денешниот ден.

“Некои од предвидувањата се невообичаено точни, но логочно повеќето нешта се незамисливи. И мислам дека токму таква е иднината за повеќето од нас “, вели тој.

Иако целиот проект е еден огромен маркетинг трик, тој претставува и интригантен концепт кој покренува некои прашања за смислата на уметноста и за вредноста на филмот.

И најверојатно ќе успее да разбуди интересот на оние кои можат да си дозволат шише коњак за 3000 долари.

- Реклама -