Балерините се најопасни зад воланот

Има ли значење професијата за тоа како се однесува еден возач  кога е зад управувачот? Според британската осигурителна агенција Tiger, она со што се занимава возачот, во голема мера игра улога при управување на возилото.

Со цел да го докаже тоа Агенцијата направила истражување на претставници од 313 различни професии. Испитувањата покажуваат дека кореографите и професионалните танчери – особено балерининие, неретко ги прекршуваат правилата за движење на патиштата. По нив следат архитектите, медицинските сестри, акушерките и вработените во погребни компании. Се чини дека ниту еден од испитаниците, претставници на овие професии, не минал барем 50.000 километри, без да биде казнет најмалку еднаш.

Сосема на спротивната страна се, со околу 200.000 изминати километри без парична казна, стоматолози, претставниците од правни фирми и колку и чудно да звучи – студентите. Во категоријата на примерните возачи влегуваат исто така вработените во театарот и елитните институции. Треба да се напомене дека вработените во законот не се меѓу возачите кои ги почитуваат кодексите. Судиите и адвокатите го заземаат само 30-тото место, додека полициските службеници се дури 196. Во просек секој од полицајците добива парична казна на 75.000 изминати километри.

Прочитајте и:  Британски министер: Русија може да ја нападне нашата енергетска мрежа

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -