Лути Турци и збунети јајца

Десетици турски националисти денеска протестираа против руската воздушна кампања во Сирија, извикувајќи антируски пароли и фрлајќи јајца кон конзулатот. Арно ама, оној за кој тие мислеа дека е рускиот, всушност беше Конзулатот на Холандија.

Зошто? Наша претпоставка е дека покрај тоа што двете претставништа се наоѓаат во центарот на Истанбул и се одалечени само неколку метри, има улога и сличноста на знамињата на Холандија (лево) и Русија (десно).

flag-21[1]„Често лутите турски демонстранти не заменуваат со нашите соседи. Како и вечерва, фрлајќи јајца“, напиша холандскиот генерален конзул Роберт Шудебом на Твитер.

Прочитајте и:  Колку јајца можете да јадете на ден ако имате висок холестерол?
- Реклама -