Трендови: Dip-dyе шорцеви

Сезонава буквално сѐ се врти во знакот на последниот моден крик, dip-dye. Станува збор за стил на бојадисување на косата или облеката, со кои на неа се прелеваат две доминантни бои, за повпечатлив изглед.

Иако овој стил својот бум го доживеа пред две-три години, и тоа на фризурите на славните кои врвовите на своите коси ги бојадисуваа во розова, црвена, сина и зелена боја, летово тој е сеприсутен на шорцевите. Неочекуваната промена на електрична боја му дава посмел изгледа на овој стил од обичното стандардно прелевање, но истовремено тоа не изгледа нападно, и има елегантна, безвременска нота.

За дневна варијанта направете комбинација со бохо-печат. Носете ги dip-dye шорцевите со широка блуза со ситна плетка и тесна маичка под неа (најдобро од тантела). Овој спој е идеален за дождливите денови, а особено за попладневни прошетки. Збогатете ја комбинацијата со геометриски накит како обетки со златни триаголници и син ѓердан. Финиширајте го изгледот со класичните летни парчиња како гладијаторски сандали и голема цветна чанта.

Во вечерните пригоди со овој стил ќе изгледате гламурозно, но истовремено ќе постигнете и ретро-нота. Носете ги шорцевите со цветна маичка на прерамки што ќе ја врзете околу половината, а создадете необични колоритни контрасти со помош на чанта и сандали во некоја смела боја. Финиширајте ја комбинацијата со нападни алки и едноставни обетки. [Class to Night Out: Dip Dye Shorts]

Dip-dye шорцевите може да ги направите и во домашни услови. Следете ги инструкциите од видеото.

{youtube}PRF8Tvtg3ds{/youtube}

- Реклама -