Околу 80 заложници се ослободени од хотелот “Радисон”

Околу 80 заложници се ослободени од хотелот “Радисон” во малиската престолнина.
Медиумите пишуваат дека поради освојувањето од страна на специјалните сили се ослободени околу 30 заложници, додека останатите избегале сами. Се појави и информација дека ослободени најпрво биле оние кои го рецитирале куранот.

Вкупно 170 лица се наоѓале во хотелот кога наводните џихадисти започнале со нападот.

Ослободени заложници тврдат дека екстремистите во хотелот во Бамако зборуваат англиски

Екстремистите кои го нападнаа хотелот “Радисон” во малиската престолнина Бамако, разговарале на англиски јазик. Тоа ги тврдат заложници, ослободени од хотелот  пренесува BBC.

Француски елитни единици се испратени кон Мали

Француски елитни единици биле испратени од Франција за Мали, каде осомничени џихадисти нападнаа хотел.
Околу 40 паравоени сили од одделот, кој е специјализиран за совладување на заложнички кризи, ќе им помогнат на малиските сили за безбедност да се справат со ситуацијата во хотелот “Радисон”.

Во хотелот се регистрирани тројца Белгијци

Во хотелот се регистрирани тројца Белгијци, пренесоа RTBF, повикувајќи се на белгиското Министерство за надворешни работи. Не се знае дали тие биле во хотелот за време на нападот.

Претходните вести за заложничката криза…1, 2

- Реклама -