Можеби конечно доаѓаат добри вести за Volkswagen. Излегува дека софтверот кој навлече големи проблеми за германскиот концерн во Америка, можеби е легитимен во Европа, тврди човек од висок профил на VW Europe.
Оној „фамозен софтвер“ што за ЕPA (Агенцијата за заштита на животната средина во САД) кај автомобилите на Volkswagen, опремени со 2.0-литарскиот TDI мотори се активира само кога возилото е на стенд за тестови на штетни гасови и на тој начин покажува нереални во секојдневната употреба резултати, може да е во склад со европските регулативи?!
Сега излегува дека програмскиот код (напишан меѓу другото од Bosch), кој ги детонираше Американците, може да се покаже целосно легитимен во Европа. Звучи апсурдно, но европските закони за мерење на емисијата на новите автомобили не забрануваат користењето на ваков потфат. Според The New York Times, законодавството во Европа има огромна дупка која може да им помогне на Volkswagen да го „исчисти“ своето име од скандалот и приказната за „валканите алишта“ да исчезне засекогаш. Уште понтересно е дека европските регулаторни органи знаеле за значителните недостатоци во законот најмалку четири години.
„Вратата во законот дозволува на автомобилските производители да ги менуваат поставките на нивните мотори пред тестот за штетни гасови. Така една компанија може да постави конкретни вредности, кои не се користат при секојдневно возење. Британските регулатори предупредиле за оваа можност уште во 2011 година на официјална средба во Женева.“ изтакнуваат од The New York Times.
Значи, кога Пол Вилис од Volkswagen вели дека автомобилскиот производител сеуште размислува „дали предметниот софтвер официјално може да биде определен, како уред за манипулација”, тоа звучи кака апсурд, е сосема на место.
Европските регулативи прецизираат дека „поставките на моторот и возилото мора да се исти, пропишани од производителот.“ Тоа е премногу широка дефиниција, која допушта употребата на специјален софтвер кој се активира само кога автомобилот се наоѓа на стенд за тест на количеството штетни емисии. Токму тоа е и функцијата на откритијата во дизел моделите на Volkswagen, па надежите на германскиот гигант скандалот да биде „изгаснат“, се сосема реални.
Откритието само ги нагласува слабостите во европското законодавство, што се однесува до еколошките стандарди на автомобилите. Системот на Стариот континент им овозможува на производителите да имплементираат поставки за тестовите, кои не се користат во секојдневниот живот од страна на клиентите. Дотолку повеќе што на компаниите не им е забрането да ги извадат задните седишта за да ја намалат тежината, ниту да ги обложуваат со селотејп фугите по каросеријата, за да добијат подобар аеродинамичен отпор, колку автомобилот да го помине тестот, потенцираат експерт за The New York Times.
Но, додека овие ситни промени може да доведат до минимални подобрувања во резултатите, овозможувајќи им на производителите да користат друг софтвер отвора огромно поле за докажување пред компаниите кои сакаат да го „изиграат“ системот. Дотолку повеќе што во Европа нема централизирано управување на системот, овозможувајќи им на компаниите да ги тестираат своите автомобили во 28 различни земји, што дополнително ја усложнува регулацијата.
„Ние направивме лажен систем, во која земјите-членки се во меѓусебна конкуренција, трката е сепак кој систем ќе обедини најмногу производители на автомобили“, вели Герб Јан Гербранди, кој е холандси член на Европскиот парламент.
Сега, Европската унија треба да утврди дали трикот на VW е прекршување на законот, или ништо од скандалот?
Автоплус