Асад ја критикува Франција

Претседателот на Сирија Башар ал-Асад смета дека Франција не може да води успешна војна против “Исламска држава”, додека е сојузник на Катар и Саудиска Арабија – две од земјите од регионот, сметани за скриени сојузници и донатори на џихадистите.

Дамаск и Париз не разменуваат разузнавачки информации, соопшти Асад за француското списание Valeurs Actuelles, а во меѓувреме француската авијација нанесе нова порција воздушни напади во Сирија.

Дамаск дозволува воена соработка со Франција само при промената на блискоисточната политика. Претходно француската влада побара меѓународна помош за да продолжи со воената кампања во Сирија, која започна неколку часа по нападите во Париз на 13 ноември.

Асад тврди дека единствениот бранител на христијанската цивилизација е рускиот претседател Владимир Путин. Сирискиот претседател вели дека може да смета само на Путин, според кого тој треба да учествува во изнаоѓање на политичко решение за крај на војната во Сирија.

Прочитајте и:  Телеграф: Стармер и Макрон ќе се обидат да го убедат Бајден да дозволи напади врз Русија

Асад категорично не беше меѓу омилените на Западот и голем број влади инсистираа промената во Сирија да започне со неговото соборување од власт, но овие позиции во последните недели почнаа да омекнуваат, особено по координираните напади во Париз.

Запрашан дали Турција “води ли двојна игра” во сирискиот конфликт и борбата против тероризмот, Асад одговори: “Западот демонстрираше недоразбирање на ситуацијата. Токму Турција испрати милиони мигранти во вашите земји. Вие би требало повнимателно да се обидете да го дознаете она што го намислил Ердоган “.

Анкара инсистира за соборување на Асад, како и за создавање на зона за безбедност во пограничната сириска територија – тоа ќе ги сопре бегалските текови кон Турција и Европа, но истовремено ќе ги подели сириските и турските Курди.

Сирискиот претседател вети дека ќе се повлече, кога “сирискиот народ и парламент ќе го побараат тоа”.

- Реклама -