7 лигави реплики со кои мажите „ловат“ жени

… Или барем се обидуваат. Девојки, сигурно ќе препознаете барем една од овие фрази со кои дечкото на шанкот се обидел да ви го одземе здивот… а наместо тоа, направил да исчезнете што побргу. На сите нас ни се добро познати и би сакале да не постојат. Меѓутоа мажите сè уште неуморно веруваат во нивната „моќ“.

1. Што си во хороскоп?

Од сите нешта, тоа сака да го дознае за мене? Ова е можеби најстарата реплика во тајниот прирачник што им го даваат на мажите кога влегуваат во пубертет. Истовремено е и нејнеуспешната… нели ви се темни кога ќе ја слушнете?

2. Извини, мислам дека си го загубив телефонот, може да ми го дадеш твојот?

Навистина? Како ова би требало да нè натера да посакаме да ни се јавите? Тука настапува најстариот женски трик. Ако сме навистина приморани да ви дадеме број само за да можеме да си отидеме, задолжително ја менуваме последната цифра…

3. Дали се загуби? Бидејќи рајот е прилично далеку од овде.

Драги момци, можеби ангелите ќе паднат на оваа „неодолива“ фраза но, вистинските жени никогаш…

4. Може ли да те сликам? Сакам да му покажам на Дедо Мраз точно што сакам за Нова Година.

Главната заблуда во оваа фраза е тоа што оној што ја користи мисли дека повразноста со Дедо Мраз е слатка и шармантна. Вистината е, ниту ние сме подароци, ниту вие сте деца… барем не би требало.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

5. Веруваш ли во љубов на прв поглед или да поминам уште еднаш?

Самиот факт што оваа фраза наликува на една од репликите од К-15 кажува сè.

6. Па, еве сум… кои се останатите две желби кои ги посака?

Ова е мојот личен фаворит. Мора да признаете девојки, за ова да се каже треба да се поседува прилично голема доза на ароганција. Па која од нас не би посакала ваков искрен и самоуверен дечко?

7. Колку е часот? (по одговорот) Епа јас мислам дека е време да се запознаеме.

Знам дека можеби нема да ми поверувате но, оваа реплика навистина постои и се користи. Признајте, по ова погледнувате на часовникот уште еднаш и си велите: Мислам дека е време да си заминам.

Момци, бидете искрени. Не ви требаат вакви фрази. Доволно е да ни кажете дека изгледаме убаво без да го спомнете рајот. Време е да ги смените овие реплики. Признавам дека и ние девојките некогаш сме по малку сурови но, вредиме…

- Реклама -