Kако дел од филмскиот фестивал Cinedays вечерва на гала програмата во 20 часот ќе се најде филмот Every Thing Will Be Fine 3D (Се ќе биде во ред) на прочуениот режисер Вим Вендерс, додека проекцијата Mia Madre (Мојата мајка) на Нани Морети е закажана за во 22 часот.
Уште нешто што би било интересно да се види денеска е проекцијата на македонскиот документарен филм „Сложувалка“ за хип хоп културата во Македонија, која ќе се одржи во 21 часот во Кино Фросина.
Прочитај повеќе: Документарен филм за македонската хип-хоп сцена