Тест за нарцисоизам

Тестот ги мери седумте карактеристики на нарцисоидна личност.

Дознајте дали е време да ја зголемите самодовербата или е дојдено време да разберете дека малку скромност нема да ви штети.

1. Авторитет

а) Имам вроден талент да влијаам врз луѓето.
б) Не успевам да влијаам врз другите.

2. Самодоверба

а) Ретко зависам од кого и да било друг.
б) Понекогаш ми се наметнува да се наслонам на нечија помош, за да се справам со работите.

3. Чувство за супериорност

а) Верувам дека сум посебна личност.
б) Не сум ниту подобар ниту полош човек од останатите.

4. Склоност кон ризици

а) Можам да преземам речиси било каков ризик, ако ме предизвикаат.
б) Обично сум прилично внимателен човек.

5. Тенденција кон експлоатација

а) Може да се измолкнам со приказни од секоја ситуација.
б) Се обидувам да ги прифатам последиците од своето однесување.

6. Суета

а) Не сакам особено многу да го покажувам своето тело.
б) Ми се допаѓа да го покажувам своето тело.

7. Чувство на месија

а) Мислата за доминација ме плаши.
б) Светот би бил поубаво место, ако јас владеев со него.

Клуч:

Ако сте одбрале одговор “а” на прашања 1, 2 и 3, имате висок резултат на скалата на позитивните нарцистички црти – авторитетот, самостојност и чувство на супериорност.

Ако сте одбрале “а” на прашања 4 и 5, или “б” на 6 и 7, имате висок резултат според Рихтеровата суета, склоноста кон ризикување, склоноста кон експлоатирање на другите и месијанското чувство (нездрави карактеристики кои истражувачите ги поврзуваат со повисок ризик од прерана смрт).

- Реклама -