Странските IT портали се позанимаваа со тоа да пресметаат колку всушност електрична енергија трошат полначите за мобилни, таблети и лаптоп компјутери кога се оставени во штекерот, а не ги користиме. Со помош на струен мерач, дојдоа до конкретни податоци.
Поединечниот полнач практично и да не троши струја, кога не е во функција. Но, кога ќе се вклучат повеќе уреди одеднаш, мерачот регистрира потрошувачка од 0.3 вати. Ако ја прошириме математиката, седум полначи за различни апарати годишно трошат 2.628 киловат-часови (kWh) ако ги оставите во штекерот и по полнењето.
Едно друго истражување покажа дека кога сите полначи на светот би биле исклучени по полнењето, со заштедената енергија би можел да се напојува цел град со 100.000 жители, и тоа подолго од цел еден месец.