Бројот на жртвите од терористичките напади во Париз надмина 140 лица, објави Reuters.
Според податоците на властите во француската престолнина, околу 100 луѓе се убиени во заложничката драма во концертната сала “Батаклан”, а други 40 загинале на различни локации во и околу градот при напади на џихадисти.
Нападите се одвивале на седум различни места во градот. Најмногу, околу 100 жртви има во концертната сала „Батаклан“, каде терористите упаднаа за време на концертот на американска рок група држеа повеќе лица како заложници. Француските специјалци ја окончаа акцијата во салата и ги ликвидираа двајцата напаѓачи.
Останатите 40 лица загинаа на други локации. Цел на терористите биле прометни ресторани и барови во центарот на Париз.
Се уште се појаснува целосниот обем на трагедијата што францускиот претседател Франсоа Оланд ја опиша како “невиден терористички напад”.