Колку бегалците ја чинат Германија?

Германскиот институт за економски истражувања (ИФО) ги оцени трошоците поврзани со бегалците на 21,1 милијарди евра за 2015 година.

Претходно можните трошоци се проценуваа на 10 милијарди евра. Според ИФО главен проблем претставува ниското ниво на образование и најниската квалификација на голем дел од бегалците.

0902arrivalsgermany2„Земени се во предвид трошоците за сместување, исхрана, детски градинки, училишта, курсеви по германски јазик, обука и управување. Претходно сметавме дека овие трошоци ќе бидат 10 милијарди евра, бидејќи верувавме дека бројот на бегалците нема да надмине 800 илјади луѓе. Оваа година во Германија ќе дојдат 1,1 милиони бегалци. Клучот за нивно интегрирање е квалификувањето и изнесувањето на пазарот на трудот. Голем проблем е лошата едукација и најниска квалификација на бегалците.  Во градежништвото и трговијата, бројот на компании подготвени да прифатат бегалци на работа е помал од 40%. Ситуацијата во Источна Германија е уште полоша “, изјави соработникот на ИФО, професор Габриел Фебермајер.

Прочитајте и:  Мерц ја повикува Европа да му покаже заби на Трамп
- Реклама -