Масовен штрајк во Грција: Болниците, училиштата, администрацијата се затворени

Денеска во Грција се одржува 24-часовен генерален штрајк во знак на протест против планираното зголемување на даноците и пензиските реформи.

3543
Штрајкот ќе ги парализира сите јавни услуги, вклучувајќи го и транспортот. Десетици внатрешни летови се откажани, а во Атина се планирани и поворки.

Ова е првата масовна манифестација на јавно незадоволство, со која левото владата на Алексис Ципрас треба да се справи. Штрајкот се одржува додека во Атина на посета се наоѓаат претставници на доверителите – Европската комисија, Европската централна банка, Меѓународниот монетарен фонд и Европскиот фонд за финансиска стабилност.

- Реклама -