Миграцијата не е основно човеково право, тврдат во Берлин.
Ова го изјави пред средбата на врвот меѓу ЕУ и Африка експертот за граѓанските права на германската влада Гинтер Нуке.
„Погрешно е да се мисли дека миграцијата е основно човеково право“, коментира Нуке, нагласувајќи дека побарувачката за подобар живот не значи автоматски право за останување во Европскиот живот.
Денеска и утре, претставници на 35 африкански земји и ЕУ ќе се состанат во главниот град на Малта – Валета, за да разговараат за причините и решенијата на бегалската криза.
Прочитај повеќе: ГЕРМАНИЈА ЌЕ ГИ ВРАЌА БЕГАЛЦИТЕ НАЗАД ВО ПРВАТА ЗЕМЈА НА ЕУ