Убава жена, прекрасна актерка, жива филмска легенда…
Софија Лорен е пример за многу жени во светот. Со речиси 60 години актерска кариера, таа одигра над 80 улоги, создавајќи незаборавни слики.
Легендарната италијанска актерка е добитник на бројни признанија, меѓу кои пет награди “Златен глобус” и два пати “Оскар” – за “Најдобра главна женска улога”.
Прочитајте неколку инспиративни мисли на Лорен посветени на мажите, убавината и животот:
За мажите:
1. “Жената – тоа е слика, стил и стандард на животот на мажите”.
2. “Жената, која не ги сака недостатоците на својот маж, не го сака ни самиот него”.
3. “Фантазијата на мажите е најдоброто оружје на жените”.
4. “Убавината е во душата на човекот. Мажот може да ја сретне и најголемата убавица на светот и повторно ништо да не му затрепери, додека другата – со долгиот нос и големата уста – да го освои засекогаш”.
5. “Маж, во кој се вметнати сите најдобри квалитети, е вистинска казна. Што е поздодевно од тоа да не можеш да го искритикуваш?”
6. “Кој би живеел со маж кој е совршено убав, гламурозен и светец?”
7. “Мажите ги забележуваат најпаметните жени со беспрекорен поглед, но ја паметат само гламурозноста”.
За убавината:
8. “Ако никогаш не сте се изнаплакале, очите не можат да бидат убави”.
9. “Тешко е да бидеш неодолива, ако си мрзлива”.
10. “Секоја жена, седнува пред тоалетната масичка, станува уметник и се потопува во светот на уметноста. Попрецизно, ја добива оваа шанса”.
11. “Фустанот е како жицата – мора да и служи на својата намена, без да ја сокрие целосно глетката.”
12. “Убавината ве издвојува од толпата, интелектот и духовитоста создаваат репутација, но фасцинацијата ве прави неодоливи”.
13. “Карактерот е најважниот дел од убавината”.
14. “Убавината е вредна да се бориш за неа”.
15. “Едноставноста е суштината на елеганцијата”.
16. “Убавината не е физички феномен”.
17. “Шармот е невидливиот дел од убавината, без кој што никој не може да изгледа вистински убав”.
18. “Фризурата не влијае само врз начинот на кој ќе го поминете денот, туку и на самиот живот”.
19. “Гледано од сите гледни точки, ништо не е убаво”.
20. “Жена која што постојано размислува за своите недостатоци, ги остава и околните да поверуваат во нив. И обратно – жената која е цврсто убедена во својата убавина, успева да ги убеди во неа и сите останати”.
За животот:
21. “Ако успеете да ја зачувате во себе душата на дете, тогаш најдобрите работи во животот ви претстојат допрва”.
22. “Ниту еден човек не е во состојба да го пополни вашиот живот како целина, сите ваши мисли и чувства кои не ги разбира. Но пријателството прави чуда”.
23. “Можам да кажам “не” на 12 јазици. За жената тоа е сосема доволно”.
24. “Да успеваш во тешка професија бара главно верба во себе. Тоа објаснува зошто луѓето со просечен талент и моќен внатрешен набој, некогаш се пред другите со голем талент”.
25. “Кога си мајка, никогаш не си сама во мислите. Мајката секогаш мора да мисли два пати. Еднаш за себе и еднаш за своето дете”.