Тарковски за современата криза

Андреј Арсењевич Тарковски бил руски режисер и писател.

Иако има само 7 комерцијални филмови за време на неговата активна филмска кариера, за него се смета дека е еден од најдобрите филмски режисери на сите времиња и инспирација на бројни филмски уметници и филмски аналитичари кои пронаоѓаат врвна уметност во неговите дела.

download

Тарковски има работено и како филмски сценограф, продуцент, критичар и како театарски директор. Неговите филмови се снимени во Советскиот Сојуз, освен последните два филма, кои се снимени во Италија и Шведска, кога Тарковски бил во егзил поради недоверба од страна на власта во Советскиот сојуз, каде големиот мајстор создава еден од неговите најемотивни филмови во кариерата „Носталгија“. Филмовите на Тарковски содржат биографски елементи и се карактеризираат со духот на христијанството, метафизички теми, долг тек на дејството, детални драматични заплети и незаборавни слики на извонредна убавина.

01_The Mirror, 1975, Andrei Tarkovsky, image courtesy of Kino Lorber_0

Истражувајќи го животот на големиот „филмски поет“ налетавме на текст објавен на Агапи. мк, каде Тарковски зборува за современата криза. Го пренесуваме во прилог.

„Ние живееме во погрешен свет. Човекот е роден слободен и храбар, но нашата неволја е во желбата да се сокриеме и заштитиме од природата која сè повеќе и повеќе нè принудува да се прибереме едни крај други. Ние комуницираме не затоа што сакаме да комуницираме, не за да би уживале во општењето, туку за да не би било толку страшно. Оваа цивилизација е погрешна ако нашите односи се градат на таквиот принцип. Сета технологија, сиот т.н. технички прогррес кој ја следи историјата, во суштина создава протези – тој ги продолжува нашите раце, ни го изострува видот, овозможува да се движиме мошне брзо. И ова и принципиелно значење. Ние денес се движиме неколку пати побрзо одошто во минатиот век. Но, поради тоа не станавме посреќни.

nostalghia11

Нашата личност, нашата, како да речам, personality, навлезе во конфликт со општеството. Ние не се развиваме хармонично, нашиот духовен развој е толку заостанат, што веќе сме жртви на лавинскиот процес на технолошки раст. Ние не можеме да испливаме од оваа поплава дури кога би посакале. На крајот од краиштата, кога кај човештвото се јави потреба за нова енергија поради технолошки развој, и кога човештвото ја откри оваа енергија, тогаш тоа не се покажа морално подготвено да ја искористи за свое добро (се мисли на откривањето и употребата на атомската енергија, м.з.). Ние сме како дивјаци кои не знаат што да направат со електронскиот микроскоп. Можеби со него треба да се коват клинци, да се рушат ѕидови? Во секој случај, станува јасно дека ние сме робови на овој систем, на овие машини, кои веќе е неможно да се сопрат. Потоа, на планот на историски развој ние толку започнавме да не си веруваме едни на други, да не веруваме дека можеме да помогнеме едни на други (иако сè се прави за да се преживее заедно), што ние самите, секој еден од нас – лично, не учествува во општествениот живот.

nost_r1_8

Личноста нема никакво значење. Кажано уште пократко, ние го губиме она што ни било дадено од самиот почеток, – слободата на избор, слободната волја. Ете зошто ја сметам нашата цивилизација за погрешна. Рускиот философ и историчар Николај Берѓаев мошне прецизно забележал дека во историјата на цивилизацијата постојат две фази. Прва е историјата на културата, кога развојот на човекот е помалку или повеќе хармоничен и се заснова на духовна основа, и втора, кога започнува верижна реакција која не е потчинета на човечката волја, кога динамиката излегува од контрола, кога општеството ја губи културата. Што е тоа Апокалипса? Како што реков – тоа е слика на човечката душа со нејзината одговорност и обврски. Секој човек го проживува она што е тема на Откровението на светиот Јован. Т.е. не може, а да не ја проживува. И на крајот од краиштата затоа, токму затоа ние можеме да речеме дека смртта и страданието во суштина се еднакви ако страда и умира (една) личност, или се завршува (еден) историски циклус и умираат и страдаат милиони. Зашто човек може да го поднесе единствено оној праг на болка што нему му е достапен“.

- Реклама -