Прогласени победниците на „Анимакс Скопје Фест“

Рускиот краток анимиран филм „Без космос не можеме да живееме“ на авторот Константин Бронзит е овогодинешниот добитник за Златната Тула на меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“.

kosmos

Македонскиот автор Жарко Иванов ја доби втората награда за својот анимиран филм „Кружното патување на Марето“, додека Бронзената Тула ја доби естонскиот филм „Господарот“ на авторот Рихо Унт.

патување

Специјален осврт од страна на жири комисијата беше направен на анимираниот филм „Девојката што паѓа“ на македонскиот автор Владимир Лукаш. Оваа одлука ја донесе меѓународната жири комисија во состав Марчин Лучај од Полска, Берин Тузлиќ од Босна и Иван Ивановски од Македонија.

MK_Kratki_devojkata-sto-pagja_600-770x433

Претставник од Градот Скопје во името на Градоначалниот на Скопје додели специјална награда на шпанската авторка Диди Родан, која пред скопската публика направи перформанс во живо во техниката „песочна“ анимација, светска премиера на делото „Легло за тебе.“

- Реклама -