Хитлер не се самоубил?

Американските научници го отфрлија официјалното објаснување за Хитлеровата смрт, докажувајќи дека фрагментот од черепот со дупка од куршум всушност припаѓа на жена.

adolf-hitler[1]ДНК анализата на черепот, пронајден 1946-тата година, ги изненади научниците, но и ги разгори дебатите за тоа дали Хитлер успеал да побегне од Германија, како што тврдат многу теории на заговор.

Според зборовите на археологот и експерт за коски на Универзитетот во Конектикат – Ник Белантони, од самиот почеток било јасно дека нешто не е како што треба. „Коската се чинеше премногу тенка за еден маж. Исто така, шавовите на черепот одговараа на лице што има под 40 години, а Хитлер во април 1945-тата наполнил 56 години“, објаснува археологот.

hitler[1]

Примероците биле набавени кога Белантони ја посетил Москва, со цел да ги испита предметите од бункерот во кој Хитлер и Ева Браун наводно извршиле самоубиство. Примероците од државниот архив на Русија завршија во Конектикат, каде беа испитувани со помош на молекуларно копирање, со цел да се обезбедат доволно материјали за анализа.

- Реклама -