Важно е каде ве боли: Типови на главоболка и соодветни решенија

Зависно од тоа каде и како се појавува главоболката, може да се работи за сериозен здравствен проблем.

headache„Молњевитите“ главоболки се јавуваат ненадејно и без некоја посебна причина, а максималниот интензитет го достигнуваат за само неколку секунди. Тоа може да е показател за низа здравствени проблеми, вклучително и внатрешно крварење заради пукнат крвен сад во мозокот – што може да е опасно по живот.

Ако главоболката се појавува рано наутро, тоа е добар знак дека треба да се проверите на доктор, бидејќи може да укажува на тумор на мозокот, апнеја или многу висок крвен притисок.

Добра причина за посета на доктор е и ако паралелно со главоболката се јавуваат и промени на видот, варењето или расположението, како и напнатост во вратот или раздразливост.

Главоболките се разликуваат и по местото на болка, а најчести се следниве:

1. Се јавува во една од хемисферите на главата – се работи за мигрена која не е опасна, но прилично напорна за оние кои патат од истата, бидејќи може да трае и до 72 часа. Ќе ја препознаете по пулсирачкиот бол со умерен до силен интензитет, а понекогаш е проследена и со појава на мачнини и преголема чувствителност на бука и светло. Важно е да се напиете таблета против болки веднаш по појавата на првите симптоми и да мирувате во затемнета и тивка соба.

2. Како да ве стега обрач – се работи за тензична главоболка која настанува постепено и достигнува среден интензитет на болка. Чувството е како некој обрач да ви ја стега главата. Најчесто се јавува заради стрес, па во таков случај, добро е малку да поспиете.

3. Болка на една страна од лицето, потечен очен капак – се работи за Кластер главоболка. Таа е силна и трае во циклуси од две седмици до повеќе и од месец. Се јавува во одредено доба од годината, а нападите можат да се случат и на интервал од цела година. За времетраењето на главоболката, болот се јавува секој ден, и тоа во исто време од денот или ноќта, и обично трае помеѓу пола час и три часа. Оние кои патат од овој облик на главоболка обично се чувствуваат подобро кога се во движење, наместо кога мируваат. Болката се јавува на едната страна од главата и обично на таа страна лицето се вцрвува, протекува носот, потекува очниот капак, окото е црвено, лицето и челото се облеани со пот. Овој облик на главоболка се јавува дури пет пати почесто кај мажите, отколку кај жените.

4. Болка во челото – во овој случај се работи за главоболка предизвикана од воспаление на синусите. Болката може да се почувствува и на јаболчниците. Обично помага инхалација и топол туш (заради пареата која се вдишува).

5. На задниот дел од главата (кај вратот) и на темето – овој вид на главоболка се јавува заради проблеми во половината/кичмата и вратот. На пример, може да се јави при долго седење. Протегнете се, вдишете свеж воздух.

6. Бол на слепоочниците – се јавува кога некој има проблеми со зголобовите и води кон тензична главоболка. Освен болката во слепоочниците, се јавува и болка во ушите, лицето, потешкотии при отварање и затворање на устата, а се слуша и она „клик“ кога се поместува вилицата. Добро е да се посети доктор.

Водете дневник
Експертите советуваат да се води дневник на главоболки, на пример, да водите евиденција колку често се јавуваат, во кое време, каде боли, колку трае, активноста, храната или пијалокот што претходеле на главоболката и сл. Таквите белешки им ја олеснуваат работата на докторите и им овозможуваат полесно да постават (прецизна) дијагноза.

- Реклама -