Според официјалните податоци од оваа година бројот на бегалци регистрирани во Германија достигна 758 илјади пријавени лица.
Германскиот весник Die Sueddeutsche Zeitung пишува дека само во претходниот месец – октомври, во земјата пристигнале 181 илјади мигранти.
Според предвидувањата на владата во Берлин до крајот на годината барателите на азил во Германија ќе достигнат 800 илјади лица.