Според најновата листа на „Форбс“, рускиот претседател Владимир Путин се наоѓа и понатаму на првото место, веќе трета година по ред, а го следат лидерите на Германија и САД.
Путин и понатаму е еден од малобројните луѓе кои се доволно моќни да го прават она што го сакаат и да успеат во намерите, наведува Форбс во објаснувањето.
На второто место на најмноќните лица во светот е германската канцеларка Ангела Меркел – која забележа скок од петтото место лани.
Таа, пишува Форбс, е столб на 28 члената Европска Унија и нејзините одлучни чекори во решавање на проблемите со бегалците кои доаѓаат во Европа, како и грчката финансиска криза.
Американскиот претседател Барак Обама кој, како што се наведува, во последната година од својот мандат го губи влијанието, се наоѓа на третото место, додека на четвртото и петтото се папата Фрањо, односно претседателот на Кина, Сји Џинпинг.