Дваесет и пет годишната пејачка Адел, која во моментов е најактуелната естрадна ѕвезда, благодарение на хитот Hello, се појави на насловната страна на престижниот магазин Ролингстоун.
Таа во интервју зборуваше за исчезнувањето од сцената во изминативе три години и нејзините стравови од популарноста.
„Луѓето мислат дека ја мразам својата слава, но тоа не е вистина. Јас сум всушност престрашена од славата. Мислам дека истата е отровна и лесно можеш да се навлечеш на неа. Гледајќи ја Ејми Вајнхаус како се уништуваше стекнав многу добри причини да се исплашам“, рече Адел.