Квадратен автомобил од Хонда

Honda на својот штанд на салонот во Токио го претставува специфичниот автомобил под името Wander Stand.
Возилото е во квадратна форма и наместо управувач има џојстик. Ова му овозможува на возачот да одберие каде да седне – лево или десно. Wander Stand нуди место за двајца, вклучувајќи и појаси. Ремените и тоа дека има ветробранско стакло значи дека може да се движи со брзина блиска до нормалните автомобили.


Она што е особено интересно е што ветробранското стакло е и дисплеј. Обезбедување на информации, картата за навигација заедно со пораки и телефонски икони, брзина, функции…, се токму на овој дисплеј.


/Автоплус

- Реклама -