Легендарниот пејач Ѓорѓе Балашевиќ закажа концерт на 14 ноември во Скопје, во организација на „Авалон продукција“.
По неколкугодишната пауза, тој им се враќа на македонските фанови заедно со неговите најголеми хитови.
Концертот ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“ со почеток од 20 часот.
Балашевиќ нема посебни побарувања, доаѓа заедно со неговата техничка екипа и на неговиот концерт најмногу ќе се пеат старите големи хитови.
Не се сомневаме дека Ѓорѓе ќе направи одлична атмосфера, со оглед на тоа што со секое доаѓање тој секогаш прави нешто ново и поинакво.
Билетите се пуштени во продажба со цена од 900 ден за партер (седење), 700 и 900 за трибина и 1200 за „golden seats“ (вип седишта).