Во рамки на големата европска турнеја на која го промовираат последното издание Transfixiation, A Place To Bury Strangers најавуваат концерт во МКЦ Скопје.
Концертот ќе се одржи на 05.11 со почеток во 21 часот.
A Place to Bury Strangers (ЊуЈорк, САД) се power-трио (гитара, бас, тапани) составено од Оливер Акерман (гитара/вокал), Дион Лунадон (бас) и Роби Гонзалес (тапани). Бендот свири тежок, атмосферски звучен бедем кој е мешавина од психоделичен рок, shoegazе и спејс-рок.
A Place To Bury Strangers се оценети како њујоршкиот „најгласен бенд“ од страна на разни инди-рецензенти и блогери низ нивната свиречка кариера, а исто така и како „најразорниот за ушните тапанчиња гласен гараж/shoegaze бенд кој некогаш сте го слушнале“.
На турнејата се придружувани од њујоршкиот бенд GROOMS кои ќе ја отворат вечерта.
Утре, четврток (05.11), „Денсинг сала“, МКЦ, од 21:00.
Билети може да се набават на билетарница МКЦ, како и преку продажната мрежа на МК Тикетс.