Кога ќе пораснам сакам да бидам интернет ѕвезда

Во изминативе две години една австралиска девојка направи вистинско богатство, благодарение на тоа што прикачува свои фотографии на социјалните мрежи.

На свои 16 години, Есен О’Нил стана онлајн сензација и не само тоа… тaa откри “практики”, кои гарантираат интернет слава.

esen1

Есен има над 2000 фотографии и неколку стотици илјади следбеници од целиот свет. Таа доби бројни предлози од разни компании да ги рекламира нивните производи и да ги тагнува на социјалните мрежи. Уште малолетна, започнува да се издржува сама и да работи како модел во Лос Анџелес.

esen10

18-годишното девојче, сепак одлучи да ја открие вистината за паралелната онлајн реалност.

„Имав сè што посакав. И стигнав до тоа да се самосожалувам, да се чувствувам лажна и потисната во желбата да се покажувам пред светот” колку среќен е мојот живот, колку е вкочането моето тело и колку сум голема “, изјави тинејџерката.

esen2

„Ми поминуваше секој ден зјапајќи во екранот, разгледувајќи ги останатите корисници на социјалните мрежи, споредувајќи се со нив. Полесно е да ги гледаш само убавите и блескави моменти во животот на луѓето, отколку да застанеш и да почнеш да живееш вистинскиот живот. Социјалните мрежи стануваа сè поважни за мене, бидејќи вложував многу грижа да се истакнам таму “, признава Есен.

Прочитајте и:  Храброст, надеж и љубов: Мајка од Скопје на 61 година го роди своето прво дете

esen3

Во последното видео на YouTube таа признава дека била зависник од тоа да биде сакана од другите. О’Нил раскажува низ солзи дека е бескрајно несреќна. Таа одлучи да стави крај на тоа и да направи промена. Сфати дека престанала да делува според вредностите и дека не живее реален, туку виртуелен живот.

esen4

Минатата недела Есен го избриша профилот, но пред тоа ги промени насловите на сите свои слики, раскажувајќи ја вистинската приказна зад кадрите.

Сите слики на кои изгледа дека не позира, се направени само поради лајковете и коментарите. Со некои од облеките што ги носи, никогаш не излегла надвор.

esen5

Понекогаш, за да си направи совршено селфи, О’Нил поминува часови, по што се занимава уште и со уредувањето на сликата со бројни апликации и филтри.

esen7

Убавицата ги предизвикува обожаватели да престанат да ги користат социјалните мрежи барем една недела. Дури создала веб – LEtsBeGameChangers.com, во кој ги охрабрува луѓето да го заборават нереалниот, виртуелен живот.

esen8 esen9

- Реклама -