Изложба во Музеј на град Скопје

Денеска, 2-ри ноември, во 20 часаот ќе се отвори изложбата „Интернационална Кичевска ликовна колонија“ во Музејот на град Скопје.

Интернационалната Кичевска колонија е добро етаблиран организиран настан на културна размена и уметничко творење кој се одржува во континуитет од 1994 година па се до денес. Оваа година се одржа 22-та по ред ликовна колонија. За потребите на колонијата е изграден објект “Куќа на уметноста“ во близина на с.Кнежино на 6 км од Кичево.

muzej-na-grad-skopje

“Куќата не уметноста“ вообичаено прифаќа по 30-тина уметници секоја година од земји ширум светот. Оваа година колонијата се отвори на 4-ти јули и траеше до 18-ти јули со присуство на уметници од Казахистан, Турција, Малезија, С.Кипар, Бугарија, Србија, Албанија, Црна Гора, Косово и Македонија.

Прочитајте и:  Извонреден перформанс на македонското кабаре „Gold Felicia“ Скопје на отворањето на „Gold Slot Club“

Делата на учесниците од оваа година ќе бидат презентирани во Музеј на град Скопје.

- Реклама -