Во интервју за руската национална телевизија NTV, Наталија Трукачева, сопруга на копилотот на авионот што се урна во Египет – Сергеј Трукачев, изјави дека тој се пожалил на техничката исправност и состојба на авионот, уште пред да полета. Имено, таа тврди дека се слушнала со него непосредно пред почетокот на летот, а Сергеј не бил задоволен од тоа како изгледале нештата.
Претходно, официјален извор од Египет соопшти дека пред авионот да изгуби контакт со контролата на летање, пилотот јавил преку радио дека авионот има технички проблеми и дека има намера да се обиде да слета на најблискиот аеродром.