Софтверот од Minority Report стана реалност

Големи компјутери контролирани со движење и гестови веќе не е ограничено само на научната фантастика. Oblong Industries од Лос Анџелес го демонстрираше својот софтвер кој нуди нов начин за интеракција со компјутери.

Системот наречен “g-speak” Oblong го опишува како просторна оперативна средина – и како и Том Круз и Колин Фарел во “Minority Report” на Стивен Спилберг и корисниците ќе можат да го контролираат g-speak со специјална нараквица и гестови.

{youtube}GmqJr2ijKIo{/youtube}

„Ние мислиме дека иднината на компјутерите се мултинаправи со повеќе екрани за повеќе корисници“ изјавил претседателот на Oblong Квин Крејмер. „Системот помага со проблеми со многу работа.“ Крејмер вели дека овој софтвер е наменет примарно за полицијата и разознавачките служби, но постојат и голем број други потенцијални апликации. [Oblong Industries]

- Реклама -