Дизајн предизвик

Ве известуваме дека дизајнерките за накит, Јана Ацевска и Мимa Пејоска, со цел поттикнување на креативноста во делот на изработката на накит, во тек се со изготвување на мошне интересна игра т.н.“Дизајн предизвик”.

Играта на креирање “Дизајн предизвик” е замисленa со невообичаени ограничувања и правила со цел за пронаоѓање на нови методи, техники и стилови на изработка.

За таа цел, ги повикуваме сите заинтересирани апликанти, без ограничување на искуство и образование, да се пријават најдоцна до 10 ноември.

unnamed (1)

Воедно ве известуваме дека од сите пристигнати апликации ќе се изберат вкупно седум најсоодветни т.е. најкреативни лица. Секој од овие седум учесници засебно, ќе добие пакет со материјали и алат, за да го создаде своето парче накит односно нослив објект. Темата, материјалите и ресурсите остануваат во тајност, се до моментот на избор на седумте најдобри креативци.

Понатаму седумте учесници, работејќи во свој личен простор, ќе имаат рок од точно десет дена да изнајдат свое решение за пристап на зададената задача за изработка на едно парче накит или носливо парче уметност, следејќи ги правилата на игра. Во текот на овој работен период, нивниот процес на размислување,експериментирање и избор на соодветен пристап ќе биде менториран од страна на дизајнерките на накит, Јана Ацевска /www.kapka.mk/ и Мима Пејоска /www.mima.com.mk/ а воедно и документиран на веб страницата www.designtatamata.com.

На крајот, сите дела ќе бидат презентирани во „online галеријата“, но и на галериска изложба, кадешто и официјално  ќе заврши играта.

Секој од избраните учесници ќе добие паричен надоместок за својата креација, и можност да го продаде делото на горенаведената галериска изложба.

 

 

- Реклама -