Кина ги предупреди САД за ризок од воен конфликт

Преминувањето на американски воен брод во кинеската зона од 12 милји во реонот на архипелагот Нанша (Спратли) е опасна провокација и нарушување на суверенитетот и безбедноста на Кина, а слични активности носат опасност од вооружен конфликт, рече командантот на Морнарицата на кинеската армија, адмирал Шенли.

“Ако САД продолжуваат со вакви опасни и провокативни акции, тогаш меѓу вооружените сили на двете земји во морскиот и воздушниот простор ќе се создаде крајно заканувачка атмосфера која може да прерасне дури во употреба на оружје”, вели тој.

Шенли остварил видео конференциски преговори со командантот на Морнарицата на САД, адмирал Џон Ричардсон.

Прочитајте и:  Американски сенатор: Залудно е да се преговара со тиранинот Путин
- Реклама -