Што се случува миг пред смртта?

Научниците истражувале многу од работите кои се случуваат со телото и разумот кога се приближува смртта и иако голем дел од ова искуство останува мистерија, тоа може да биде разбрано преку различни хемиски реакции и настани кои се случуваат во мозокот.

Токму за Ноќта на вештерките, ново видео од Американската асоцијација на хемичарите покажува што точно би се случило во телото на човекот, ако тој е нападнат од убиец во хорор филм.

Креаторите на видеото истакнуваат дека да набљудувате луѓе кои ќе бидат нападнати во хорор филм е слично со тоа да бидете на нивно место – иако да се најдете во нивната кожа би предизвикало многу повеќе тензија и вознемиреност. Сепак истиот наплив на адреналин и страв се активира на ист начин и во двата случаи.

смрт

Страв

Функцијата на стравот е да ги подготви луѓето да реагираат или да избегаат. Тоа е начин за предупредување на мозокот и телото за проблеми, но исто така е и хемиски процес кој му овозможува на телото да се стреми да остане безбедно.

Сетилата за информации минуваат низ централниот нервен систем на човекот и достигнуваат до таламусот кој работи донекаде како switchboard. Таму тоа се пренесува на други важни делови од мозокот.

Оваа информација првично го прави човекот загрижен – евентуално го поттикнува и подготвува да изреагира. Потоа се активира реакцијата “бори се или бегај”.

Овој процес го исполнува телото со адреналин и го зголемува нивото на гликоза во циркулацијата.

Писоци

Може и да не избегате од убиецот со секира во рака или од лицето кое ве брка. Во овој случај е веројатно да почнете да вриштите.

Видеото истакнува дека овој процес е изведен од различен дел во мозокот, поврзан со јазикот, и извршува различна функција.

Врисоците се манифестираат речиси инстинктивно, а кога ќе се слушнат, тие активираат слична реакција – поттикнуваат други луѓе да чувствуваат страв и да реагираат, па се претпоставува дека им помагаат да побегнат.

Болка

Ако врисоците не помогнат и убиецот со секира во раката дотрча, ќе доживеете силна болка.

Во овој случај, специјални неврони наречени ноцицептори испраќаат информации до мозокот.

Смрт

Дури и по клиничка смрт, мозокот веројатно сепак продолжува да работи уште некое време. Според неодамнешните истражувања, мозокот изгледа минува низ финален врв на активност – на начин кој нормално се поврзува со главата.

Можеби овој врв е поврзан со блиските искуства до смртта. Истражувањата ја поддржуваат оваа хипотеза, со тоа што научниците се уште не се сосема сигурни зошто се случува овој врв, или што значи истиот.

Потоа настапува биолошката смрт, а по неа веќе не е јасно што следува …

На крајот

Нема многу начини да се разбере она што се случува откако животот ќе заврши, бидејќи луѓето во повеќето случаи не се враќаат од надвор.

Некои сепак тврдат дека го искусиле враќањето од сигурна смрт. Во полето Ask Me Anything на reddit претходно оваа година луѓе опишаа искуства, кога за кратко почувствувале состојба на смрт.

“Чист, совршен, непрекинат сон без соништа “, напиша еден од нив.

Други, пак, ги опишуваат поживописно своите искуства, алудирајќи за постоењето на задгробниот живот.

“Стоев пред гигантски ѕид од светлина”, напиша друг. “Таа беше насекаде – горе, долу, лево и десно, до каде што можев да гледам. Како да гледаш флуоресцентна светилка од 15-20 сантиметри. Следното сеќавање е како се разбудив во болница.”

Погледнете го видеото:

- Реклама -