Оваа селска штала, која се наоѓа во Висбек, Долна Саксонија, Германија, е пример како од стара градба може да се изгради модерна палата која што нуди луксуз, достоен за хотел со пет ѕвездички.
Главната цел при целовкупната реконструкција на зградата, која датира од 1851 година и е целосно реконструирана од архитектите од Reichel Architects и Dinesen, е да се сочува автентичниот изглед на штала, правејќи мост меѓу минатото и сегашноста.
Почитта кон историјата е изразена многу во големата и сончева дневна соба, во која е задржана оригиналната конструкција на таванот и мноштвото мали прозорци, кои во минатото обезбедувале природна вентилација на шталата.