Кон Европа доаѓаат 300 илјади бегалци

Од камповите во Јордан и Либан кон Европа пред два дена тргнале околу 300 илјади бегалци и мигранти.

Ова го изјави министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас на заедничката прес-конференција со својот германски колега Франк-Валтер Штајнмаер.

210498

“Располагам со информации дека завчера тргнале околу 300 илјади бегалци од камповите во Јордан и Либан. Зошто одеднаш, неочекувано, овие луѓе од бегалските кампови, каде што има 3 милиони како нив, станале и тргнале? Ова е добро прашање “, рече Коѕиас.

Според неговите зборови, луѓето ги напуштаат камповите, бидејќи наместо 150-те долари кои секое семејство ги добило за еден месец во предмети или вистински пари, таму семејствата добиваат само по 13 долари месечно, што прави 43 центи на ден.
“Целото семејство треба да живее во кампот, да јадат, да пијат вода, млеко и да добијат се што е потребно за да се облечат, да обезбедат соодветни животни потреби, за 43 центи на ден”, изјави уште грчкиот министер.

- Реклама -