Македонскиот репрезентативец Горан Пандев, откако погоди на дуелот против Баерн Минхен, беше стрелец и на вториот пријателски натпревар на Наполи овој пат во победата од 3:0 против тимот на Гросето.
Пандев во 45. минута донесе водство за својот тим од 2:0, откако претходно Гаргано погоди во 15. минута, а во второто полувреме Новотни беше стрелец на третиот гол за „Небесносините“ во 77. минута.
{youtube}QXQsu_kTEK0{/youtube}
„Уживам во работата со овој состав. Сигурен сум дека во новата сезона ќе играме значајна улога во трката за шампионската круна во Италија“ изјави тренерот на Наполи, Валтер Мацари.