Научната фантастика се занимава со концепти и теми кои воглавно се вкоренети во нашето секојдневие: борбата за технолошка иднина, игра со просторно – временските граници, поигрување со натприродното, вонземјани…
Најинтересени секако се оние филмови во кои гледачите се соочуваат со „Што ако…?“ сценарио, занимавајќи се со прашања кои се втемелени во реалноста: хуманост, морал, технологија, етика, филозофија, смртност и сеќавање, па дури и љубов и желба. Ваквиот тип на филмови провоцираат дискусија затоа што сценаријата се најчесто такви што би можеле да ја претстават реалноста во вистинскиот свет. Самите елементи кои овие филмови ги користат им се достапни на луѓето, а често се и опипливи.
Суштински, тие поставуваат прашања кои досегнуваат до самото јадро на она – кои сме ние и што сакаме како човечки суштества, тука и сега. Тие ја предизвикуваат нашата сензибилност и не водат далеку од комфорната зона.
Ви претставуваме 15 SF филмови кои ја дразнат интелигенцијата и си поигруваат со нашето разбирање и љубопитност.
1. The Time Machine (George Pal, 1960)
2. La Jetée (Chris Marker, 1962)
3. Quatermass And The Pit (Roy Ward Baker, 1967)
4. 2001: A Space Odyssey (Stanley Kubrick, 1968)
5. THX 1138 (George Lucas, 1971)
6. Solaris (Andrei Tarkovsky, 1972)
7. The Man Who Fell to Earth (Nicolas Roeg, 1976)
8. Blade Runner (Ridley Scott, 1982)
9. 1984 (Michael Radford, 1984)
10. Brazil (Terry Gilliam, 1985)
11. Contact (Robert Zemeckis, 1997)
12. eXistenZ (David Cronenberg, 1999)
13. Primer (Shane Carruth, 2004)
14. Children of Men (Alfonso Cuaron, 2006)
15. Moon (Duncan Jones, 2009)