Патувањето низ планини, пустини, мориња и шуми е опасно и исцрпувачки, дури и за луѓе кои се на половина од нејзината возраст.
Таа има 105 години, но сепак сонува за подобар живот, без војни и бомби. Бибихал Избеки од Кундуз, Авганистан, е меѓу многуте мигранти, кои поминаа илјадници километри за да избегаат од војните и сиромаштијата кон подобар живот во Европа.
Завиена во зелена шамија и завиткана со кафеаво ќебе, Избеки седи на кревет во шатор на Хрватскиот црвен крст.
“Нозете ме болат, но добро сум “, вели таа, додека нејзините раце треперат.
Избеки вели дека нејзиното 17-члено семејство се движело 20 дена до Европа, а со неа се уште 67-годишниот син и 19-годишниот внук, кои ја носеле во голем дел од патувањето.