Меркел го извече дебелиот крај: Германија започнува да враќа назад азиланти

Со оглед на големиот број баратели на азил германската влада одлучи да ги  депортира назад авганистанските бегалци, пишува националниот дневен весник Die Welt.
Министерот за внатрешни работи во Берлин Томас де Мезиер појасни дека активностите на германските власти ќе бидат координирани со властите во Кабул.

epa04396857 German Interior Minister Thomas de Maiziere discusses the ban on the jihadist group Islamic State (IS) in Germany with journalists in Berlin, Germany, 12 September 2014.  EPA/PAUL ZINKEN

Според него бројот на авганистанските граѓани кои бараат заштита со хуманитарен статус во Германија, е “неприфатлив”, и тие не можат да очекуваат дека ќе добијат дозвола да останат во земјата.

Приемот на мигранти, драстично го намали рејтингот на германската канцеларка Ангела Меркел, кој е најмал во изминативе три години. Голем број активисти ја нападнаа канцеларката за приемот и третманот на Германија врз мигрантите кои бараат азил.

merkel-azil-jo-kujtdo-q-euml-beson-se-n-euml-gjermani-ka-shans-p-euml-r-pun-euml-sim_hd

Од почетокот на годината 11.000 лица се протерани од Германија, а 27.000 доброволно ја напуштиле земјата.

- Реклама -