“Забавата умре !,” гласно објави New York Times во огромна статија.
Предводникот на американскиот печат не се потпира само на серија анегдоти од млади и не толку млади соговорници кои посочуваат дека нивната последна забава се случила на минатогодишниот Хелуин или Божиќ. Статистичките податоци реално покажуваат дека нешто се случува – домашните забави, промотивните забави и боемските пиенки веќе се пред истребување. Весникот се потпира на социолошката проблематиика, која не важи само за Америка па во текстот се пронајдовме и ние.
За десетгодишниот период меѓу 2003 и 2013 година времето кое 15-24-годишните млади луѓе го одделуваат за забава за време на викендот, е драстично намалено. Ова го покажуваат податоците на Канцеларијата за труд и статистика, која ги истражува навиките и работното битие на Американците по нарачка на Министерството за труд во САД.
Најмладите луѓе, божем очекувано најактивните „парти-енималс“ , издвојуваат само 9 минути во просек дневно за забава – во споредба со 15-те минути пред една деценија.
Иако станува збор за статистичка величина (т.е. едни можат да глават многу, а други воопшто, се пресметува просечниот број од сите) тоа сепак е изненадувачки малку.
Според друго истражување на Калифорнискиот универзитет минатата година цели 41.3% од средношколците признаваат дека не биле на ниту една забава. За споредба во 1987 година групата на социјално неактивни лица била едвај 11,6%.
Всушност, постепеното изумирање на ноќниот живот и на неговата колективна и бурна форма одамна ги интересира културолозите и социолозите. Дури и дел од нив објавија обемни истражувања на оваа тема, тврдејќи дека ограничувањето на масовното прославување е еден од видливите лузни на модерноста.
Изумирањето на свадбите е едно. Но треба ли да се срамиме што се помалку млади луѓе се дружат на начин како што нивните родители правеле своевремено?
Економијата е една од причините за намалувањето на домашните забави и тоа е сосема разбирливо, според New York Times.
Многу од младите луѓе кои бараат прекспективна работа низ поголемите градови, се соочуваат со проблемот дека треба да плаќаат уште повисоки кирии за уште помали соби.
Другата причина, повторно без изненадувања, е интернетот и славата на социјалните мрежи, а заедно со нив произлегуваат произлегуваат бројни можности за онлајн забава.
Ако пред неколку години, на пример, еден од најсигурните начини да се судрите со партнер беше да одите на забави, сега сајтовите можат да ви завршат работа.
Исто така не треба да сте физички на едно место со своите пријатели за да играте видео игри. Да не споменуваме дека богатството на бројни и одлични серии се јавува како доста примамлива алтернатива.
Промотивни забави
Двата тренда – економскиот статус и трансформацијата на комуникацијата, го поткопуваат уште подлабоко традиционално боемско среќавање на писатели, уметници, сликари…
Пазарните истражувања покажуваат дека во последните години издавачкиот бизнис веќе се стабилизирал во глобални рамки и луѓето дури почнуваат да се враќаат кон читањето на класичните хартиени книги. Сепак никој не очекува да се вратат забавите за објавување на еден или друг роман.
Како го поврзавме ноќниот живот со промотивните забави?
Забавите се начин за создавање на врски, познанства и лично одликување, но сите овие активности во денешно време можат да се случуваат и на Facebook, по форуми и преку блогови. Точно дека не е исто, но новата комуникација го прави да биде многу поедноставно. Од една страна организаторите штедат трошоци, од друга – писателите (и оние кои се обидуваат да промовираат нешто) трошат помалку време, енергија и напор за да ја соберат елитата на едно место.
Забавите повеќе немаат за цел да одбележат нечии успеси, туку се класичен PR-настан. Соодветно поканетите гости внимаваат како ќе се претстават, со кого пијат и каде ќе седат. Наместо на забава – де факто тие се повторно на работа.
Зошто порано не било така?
Поради приватноста. Денес сте свесни дека не ве гледаат само присутните на забавата, туку и вашите и сите нивни пријатели на Фејсбук. Наместо младите да уживаат да си поминат одлично, тие губат време во фотографирање, коментирање на фотографиите, чекирање, Твитање… Дали социјалните мрежи ја уништија вистинската забава и во Македонија? За жал немаме статистика, но судејќи по муабетите на таксистите и повозрасните генерации кои се супер извор за муабети поврзани со посетеноста на ноќните клубови во Скопје – ништо не е како порано. Веројатно интернетот, економијата и законот за пушење не зафатија и нас, па на зима радо си седиме по дома и си муабетиме на Скајп. Впрочем и сите сме посилни на тастатура отколку лице во лице, па и флертувањето се одвива без потење. Дали забавите умреа во онаа форма на незаборавно лудување до сабајле? Дали умреа и промотивните забави со промоциите на музички спотови на Јутуб, рекламните спотови и кампањи по медиумите? Споделете го вашето мислење во коментар.