Јелена Розга е бремена?!

Јелена Розга неодамна настапуваше во својот роден град Сплит. По настапот се крена прашина околу прашањето дали пејачката е бремена.

Имено, Јелена на својот настап носеше краток тесен фустан на кој до израз и дојде стомачето. Не е карактеристично за оваа хрватска ѕвезда да има стомаче, затоа што сме навикнати да ја гледаме нејзината витка линија. Па затоа многумина заклучија дека таа можеби е бремена.

jelena-rozga

Розга веќе неколку месеци е во врска со Стјепан Хаусер, член на групата 2Cellos, а неодамна таа изјави дека сака да биде мајка во блиска иднина.

 

- Реклама -