Француска Полинезија е сето она што го отелотворува зборот совршенство.
Островот Бора Бора е дел од архипелагот острови на Француска Полинезија, што се смета за едно од најромантичните места на светот.
Еден од бисерите на ова место е “Интерконтинентал Бора Бора Резорт & Таласо Спа Хотел”, кој е лоциран на нереално убава плажа со бел песок и спектакуларен поглед кон планината Отеману.
Архитектурата на полинезискиот хотел ги одразува боите на лагуната, создавајќи елегантен и современ стил. Сите 80 вили на хотелот се “качени” над кристално чистата лагуна и нудат неповторливо доживување во софистициран луксуз.
Комплексот е еден од најбараните места за склучување на брак и меден месец. Егзотиката на Француска Полинезија ги освои вљубените парови кои ги избираат најубавите плажи за својот најсреќен ден.
Младенците можат да избираат меѓу нетрадиционална свадба меѓу тиркизните води на океанот или традиционална свадба во Тахити стил на плажа. Забавата по церемонијата на плажа продолжува со танцување и љубовен коктел мешавина од шампањ и ликер од малина.
Егзотичната дестинација се одликува со мирни води, бескрајни плажи и можности за практикување на спортови на вода и се разбира спа третмани.
“The deep ocean spa” е првиот спа центар во светот, кој ги користи предностите на лековитите својства на водата и минералите извлечени од длабочините на Тихиот Океан на длабочина од повеќе од 900 метри.
Зоните за релаксација нудат воодушевувачки поглед на океанот, парни бањи и тушеви кои ги будат сетилата и ги освежуваат телото и духот.